Ристески : Општина Прилеп е една од најхуманите општини

Општина Прилеп секогаш дава голема поддршка на социјално ранливите категории и помага во организација на сите хуманитарни акции и настани. Во изминатиот период Прилеп доби и социјална зграда за 76 семејства од социјално ранливите категории кои го решија станбеното прашање, инвестиција вредна 1,7 милиони евра. Ова го истакна на прес конференција градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

 

Ристески рече дека градот под Марковите кули го организира и Светиниколскиот турнир во мал фудбал кој секогаш имал хуманитарен карактер. Прилеп традиционално го организирал Божиќниот ручек наменет за децата без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители и други ранливи категории.

 

„Од оваа година Општина Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп го организираше и хуманитарниот настан „Денови на солидарност за најмалите“. Тука е и еколошко-хуманитарната акција „Од народ за народ“ која Општина Прилеп ја спроведува од декември 2012 година. Од тогаш па се до денес акцијата наиде на огромна заинтересираност и поддршка од страна на граѓаните. Досега преку оваа акција им се има помогнато на околу 50 социјално ранливи семејства да добијат покуќнина, облека и разни апарати што до тогаш неможеле да ги имаат. Целта на акцијата е, наместо на депонија, граѓаните од подрумите и гаражите да го отстранат она што не го употребуваат и него да го донираат на оние на кои навистина тоа им е потребно, а неможат да си го дозволат. Тука е и униикатниот проект „Супер Марио“ кој започна да се реализира во ноември 2013-тата година. Преку проектот се ангажирани 190-тина волонтери кои иим помагаат на 100-тина стари и изнемоштени лица“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Градоначалникот Ристески рече дека Прилеп бил еден од најхуманите градови кога станувало збор за крводарителството. Во градот имало неколку илјади крводарители. Традицонално пак на 17 март на Денот на крводарителите локалната самоуправа на Прилеп во соработка со Црвениот крст на град Прилеп доделуваат плакети и благодарници.

 

„Овие хуманитарни настани секогаш ги правиме за време на Велигденските, Божиќните, новогодишните, за 1-ви Септември кога започнува учебата година… тоа се месеци кога помошта на овие луѓе им е најпотребна. Општина Прилеп редовно остварува средби и активно учествува во подобрување на условите за престој и во Дневниот центар за децата со посебни потреби „Sуница“, здружението на лица со телесeн инвалидитет „Мобилност“, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, посета на Здружението на глуви лица, посета на здружението на слепи лица, Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа и Здружението на лица со „Епилепсија“, каде донира потребни материјали за основно работење, канцелариски материјали, канцелариски простор ии друго“, додаде Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи