Општина Прилеп : Дезинформација е тврдењето на СДСМ дека не постојат документи за побарувањата

Чиста дезинформација е тврдењето дека не постојат документи за побарувања 90 милиони денари во сметковотствената евиденција. Вака преку соопштение одговорија од Општина Прилеп на прес конференцијата на СДСМ, кој ја обвини локалната самоуправа на Прилеп дека исчезнале документите за побарувања од 1.5 милион евра од Општината.

 

Соопштението го пренесуваме во целост. 

 

Го криете фактот или не сте доволно запознати дека се работи за стари ненаплатливи побарувања за кои документацијата е целосна и согласно закон, а се законски ненаплатливи по разни основи се работи за наплата на комунална такса и фирмарини кои се или биле во стечај заклучно со 2009 година, а не се избришани од евиденција од централен регистер.

 

Имено забелешката во ревизорскиот извештај е несоодветно евидентирани застарени и спорни побарувања.

 

Во врска со вашите обвинувања на здруженијата, средствата се распределуваат по основ на Јавен повик после кој Комисијата за финансирање и буџет носи одлука за финансирање на здруженијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien