Честитки по повод празникот Голема Богородица и Денот на рударите од градоначалникот Марјан Ристески

По повод големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“,  градоначалникот Марјан Ристески упати честитка до сите верници од православна вероисповед што денеска го празнуваат овој празник и воедно им го честита  денот на рударите.

 

По тој повод градоначалникот Ристески денеска ги посети црквите „Св. Благовештение“ и „Св. Петка“, како и манастирите и црквите во населените места. Во манастирот  „Св. Ѓорѓија“ –  Дервен, денеска се служеше празничен ручек по повод денот на рударите.

 

Градоначалникот Ристески на сите рудари им го честита празникот и им посака да ги следи добро здравје и да постигнуваат уште поголеми успеси. Во попладневните часови, празнувањето продолжи преку игра, оро и песни во знак на одбележување на десетгодишното постоење на НВО „Мајка Традиција“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien