ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Министерот Сугарески копира проекти од ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше

Министре Сугарески ви честитаме! Успеавте да дадете сосема нова димензија и значење на зборовите дволичност, лицемерие, хипокризија! Или како што вели народот лажете без око да ви трепне! Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме вио целост.

 

 

„Со фанфари одекна по владините мегафони веста дека Владата на СДС од чист популизам реши со измени на Законот за постапување на безправно изградени објекти или попознат закон за легализација да дивоградби, да го продолжи рокот за аплицирање на предмети и поднесување на документација за веќе поднесените предмети и на тој начин да им се умилкува на граѓаните во очи на претстојните локални избори.

 

Да ве прашаме, како тоа нагло го сменивте своето мислење за законот кога во 2011 година на седница двапати одбивте да гласате за истиот и не го поддржавте и ги напуштивте седниците заедно со пратеничката група на СДС. За да не ви дадеме можност повторно да маниуплирате, во прилог се и листите со пратеници во кои јасно е заокружено вашето име. Дали сега кога дојдовте на власт сте подготвени како кнедли да ги проголтате сите свои прекршени ветувања?

 

Изгледа удобноста на министерската фотеља ви помогна да потврдите дека сите

ваши претходни ставови се само паради и циркус пред јавноста и дека како министерство и влада немате идеи и проекти па почнавте да ги копирате проектите на ВМРО ДПМНЕ. Не радува што имплементирате проекти кои претходно сте ги критикувале, бидејќи тоа значи дека признавате дека истите се во интерес на граѓаните.

 

Се прашуваме кој проект и закон наредно ќе го ископирате и кое свое ветување и став наредно ќе го прекршите. Очигледно е дека капацитет за работа немате, па затоа најлесно е да ја свиткате кичмата и да се китите со туѓи перја.

 

Да ве потсетиме, владата на ВМРО ДПМНЕ со донесувањето на Законот за постапување на безправно изградени објекти им овозможи на граѓаните еднаш засекогаш да го решат прашањето за сопствен дом. Само во Прилеп од започнувањето на примена на овој закон од вкупно поднесени 14.000 барања,  решени се преку 9.500. Вие и СДС тогаш застанавте против овој закон и не го поддржавте. Баба лаже, стенограм и листа од собраниска седница не лаже!

 

Како да ви веруваат граѓаните кога од ден во ден ги менувате своите ставови? Како да ви верува народот после ова дека нема да се населат бегалци во Македонија во Прилеп? Како ќе не убедите дека струјата нема да поскапи за 20% и дека нема да ни се зголемат даноците и давачките?

 

На граѓаните им требаат дела и проекти а вие тоа никогаш не сте биле способни да го остварите. Единствено сте способни за ситни сплеткарења, вработувања на заслужни СОРОСОВИ револуционери без јавен оглас и пазарења за фотељи во управни одбори. Вие не можете ни поделбите и несогласувањата да ги решите во својот Прилепски огранок на СДС во кој веќе се води рововоска битка за кандидат за градоначалник помеѓу староседелци и револуционери а камоли да работите во интерес на граѓаните.

 

Самите со ненародните политики се осудивте на пропаст на претстојните локални избори кои ќе бидат само брз вовед кон вашиот пораз на централно ниво после кој СДС тивко ќе потоне во македонската политичка историја“, истакнаа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien