Две експлозии во фабрика за хемикалии во Тексас

Facebook
Twitter
Email
Print


Чад и експлозии беа пријавени во фабриката за преработка на хемикалии Аркема во Крозби, Тексас, како последица на поплави предизвикани од ураганот Харви. Компанијата ги евакуирала работниците, а била издадена и наредба за евакуација на населението во радиус од 2.4 километри околу фабриката.


Проблемот настанал кога поплавите, кои достигнале ниво од скоро два метри во кругот на фабриката, го прекинале доводот на електрична енергија, при што било прекинато работењето на разладните системи, потребни да ги одржуваат хемикалиите во стабилна состојба. Во фабриката се произведуваат органски пероксиди кои што се користат во производството на пластични смоли, бои итн, а исто така било складирано и поголемо количество на сулфур диоксид и метилпропан, екстремно запаллив гас. Од фабриката било издадено соопштение дека се можни и дополнителни експлозии.


Комплексот се наоѓа во предел во близина на Хјустон, каде што е сместена една од најголемите концентрации на рафинерии, цевководи и фабрики за преработка на хемикалиии во САД.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи