Доналд Трамп ќе донира 1 милион долари за жртвите од ураганот Харви

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе донира 1 милион долари од личните фондови за жртвите од ураганот Харви, соопшти потпаролката на Белата Куќа, Сара Хакаби Сандерс.

 

Преседателот Трамп и првата дама Меланиа Трамп го посетија Тексас во вторникот, откако урагонот Харви остави 35 мртви и десетици илјади иселени од своите домови. Проценките за направената штета од ураганот изнесуваат 160 билиони долари, што ураганот Харви го прави најскапата природна катастрофа во историјата на САД, повеќе од штетата на двата најголемите урагани, Катрина и Сенди, кои што претходно ги имаа погодено САД заедно.

 

 

Не е познато точно кога претседателот ќе ја изврши својата донација, ниту пак која организацијаќе ги добие средствата, поради што Хакаби Сандерс пораба помош и од јавноста за предлози како овие средства најдобро би биле искористени.

 

Како претходен бизнисмен, богатството на претседателот Трамп се проценува на 3.5 билиони американски долари. Со оваа донација, тој ќе се приклучи на листата на познати личности кои донираа по 1 милион долари, меѓу кои се Леонардо Дикаприо, Сандра Булок, Бијонсе, Елен Деџенерис и други.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи