САД наредија затворање на Рускиот конзулат во Сан Франциско

Facebook
Twitter
Email
Print

САД наредија затворање на Рускиот конзулат во Сан Франциско, како одговор на барањето на Москва за намалување на Американскиот дипломатски персонал во Русија. Соопштението издадено во четвртокот исто така бараше намалување на Рускиот дипломатски персонал преку затворање на претставништвата во Вашингтон и Њујорк.

 

Ваквата реакција следи откако Москава претходно побара 775 дипломатски работници од САД во Русија, да прекинат со својата работа и напуштат нејзината територија. Тоа беше одговор  на санкциите кои САД и ги наметнаа на официјална Москва поради руското анексирање на Крим и хакерските напади за време на претседателските избори во САД.

 

„Веруваме дека овие акции беа неоправдани и претставуваат товар врз целокупните односи помеѓу нашите две земји. Во духот на еднаквоста, бараме Русија да го затвори конзулатот во Сан Франциско и неговите претставништва во Вашингтон и Њујорк“, – изјави Хедер Науерт, портпарол на министерството за надворешни работи на САД.

 

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази жалење поради новата ескалација на односите Вашингтон-Москва. Тој во телефонскиот разговор со својот американски колега Рекс Тилерсон, дал дознаење дека Русија не е таа која што започнала прва. Тилерсон се јавил кај Лавров за да му ја соопшти одлуката на Вашингтон, се вели во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

 

Со оваа одлука, двете земји ќе имаат по 3 претстваништва. Освен амбасадата во Вашингтон, Русија има свои конзулати и во Њујорк, Сиетл и Хјустон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи