ВИДЕО : Продолжува чистењето на Дабнички канал

ЈКП „Комуналец“ започна со акција за чистење на каналот на Дабничка река од потегот на мостот од кај касарните до мостот кај типската населба. Според градоначалникот Марјан Ристески, со ваквиот потег на ЈКП „Комуналец“ ќе се оспособи коритото за проток на истечни води пред престојните дождови.

 

„Каналот редовно се чисти на секои 2 години и во оваа прилика повторно би сакал да упатам еден апел до населението, да не се фрлаат отпадоци и шут во каналот бидејќи доаѓа до негово затнување и при поголеми поројни дождови се создаваат проблеми. Со ова чистење се спречува создавањето на поплави во овој дел на градот кога ќе има силни дождови. Исто така чистењето ќе придонесе и за зачувување на животната средина“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

 

 

Каналот се чисти во должина од околу 1.500м, а сметот се носи на градската депонија, посочи Рубин Абрашоски технички директор на ЈКП „Комуналец“.

 

Градоначалникот Ристески посочи и тоа дека предходно во рамките на проектот за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во Прилеп, на ул „Кеј 1-ви Мај “ ќе се постави нова водоводна и канализациона мрежа, а се изградија и колектори. Сега, со изградбата на кејскиот ѕид, реката ќе добие еден нов урбан потег, а со неговото завршување ќе се овозможи и комплетното асфалтирање на улицата. Изградбата на кејскиот ѕид, во рамките на комуналната програма на Локалната самопурава има предвидено и во долниот тек на градска река, од мостот кај „Димо Нареднико“ до населбата „Жабино Маало“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи