Бензема потпиша нов договор со Реал Мадрид

Карим Бензема потпиша нов договор со кралевите за наредните четири години, со кој што доби откупна клаузула од неверојатни 890 милиони фунти. Со тоа напаѓачот од Франција ја продолжи својата лојалност кон клубот од Мадрид до 2021 година.

 

Овие вести претставуваат удар до големиот број на клубови од Европа кои беа заинтересирани за Бензема, вклучувајќи го и Арсенал, кој што сега највероатно ќе се повлече од трката по Французинот. Бензема секогаш изјавувал дека сака да ја заврши својата кариера во кралскиот клуб, што со новиот договор кој ќе истече кога тој ќе има 33 години, неговата желба може и реално да биде исполнета. Иако официјално новата плата сеуште не е соопштена, според нивниот тренер Зинедин Зидан, таа ќе биде околу 150 000 фунти неделно.

 

Карим Бензема се наоѓа во Реал од сезоната 2009-2010, кога таму премина од клубот од неговото детство Лион. Од тогаш тој е важна алка во нападот на Реал Мадрид, а последниве години дел од познатото Би-Би-Си трио, задно со Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Има одиграно 371 натпревар за Реал, постигнувајќи импресивни 181 гол.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи