Едисон Кавани во Реал Мадрид?!

Летниот трансфер период во Европа можеби е затворен, но тоа не ги спречува медиумите да објавуваат за идни трансфери, ѕвезди кои што бараат поголеми работи, или пак играчи кои што не се среќни во своите клубови и бараат нова средина.

 

Претседателот на ПСЖ, Насер ал Келаифи, го понудил неговиот напаѓач на Реал Мадрид, со цел да стави крај на тензијата која настана помеѓу Кавани и новата ѕвезда на клубот, Нејмар. Двајцата Јужно-Американци се расправаа на последните наптревари околу тоа кој да биде изведувач на најстрогата казна, што секако влијае на тимскиот дух и очигледно му пречи на тренерот на ПСЖ Унаи Емери. Сепак изгледа претседателот на клубот има решение за настанатиот конфликт во неговиот тим, со тоа што ќе се обиде да ја продаде досегашната ѕвезда во тимот, со цел да отстапи место за Нејмар, кој би требало да биде лидерот во иднина.

 

Меѓутоа со оглед на тоа што Реал Мадрид го продолжи договорот со Бензема, останува да видиме како овие шпекулации ќе бидат разрешени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи