Општина Прилеп се вклучува во проектот „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“

Елколект ДОО во периодот од 04-ти Септември 2017 до 31-ви Октомври, ќе им овозможи на жителите на општина Прилеп да учествуваат во акција за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер). Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еко магацинот на Елколект лоциран на територија на општина Прилеп станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.

 

„Од 04-ти Септември до 31-ви Октомври, Елколект ДОО организира акција за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати. Секој кој ќе донесе електричен и електронски отпад до еко магацинот на ЈКП „Комуналец“ на ул. Трајко Николоски ББ, ќе добие награден купон за учество во наградната игра “ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да го стави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници“, посочи Фани  Христовска претставник од Елколект ДОО.

 

Според градоначалникот Марјан Ристески општина Прилеп спровдува еден одличен проект, а радува фактот што Прилеп е лидер на ниво на Македонија, во однос на третирањето и начинот на селектирање на отпадот. Прилеп неодама подели 3.000 корпи на домаќинствата за селектирање на органски и неоргански отпад. Први во Македонија спроведовме примарна селекција на отпад. Поставивме контејнери за пластика, за органски и неоргански отпад. Со тоа создадовме навика кај населението да го селектираа отпадот. Тоа поттикна во близина на депонијата да се гради хала во која ќе се селектира и рециклира отпадот, посочи Ристески во изјавата.

 

Според Цветанка Николоска која е инспектор за заштита на животната средина поставени се и контејнери за отпадни батерии во сите основни и средни училишта, а во пет основни училишта ќе има акција за собирање на отпадни батерии.

 

Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Прилеп може да добијат и со повик на тел: 02/309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk .

Елколект ДОО, како компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017та година, континуирано ги наградува совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната средина и здравјето на луѓето. По успешните два циклуси на наградната игра “Да рециклираме и да се наградуваме”, во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија, Богданци, Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце, кои резултираа со создавање и негување на одлични навики и интерес кај граѓаните, плодна соработка со општинските тимови и поддршка од градоначалниците, Елколект, во третиот циклус од наградната игра за собирање на електричен и електронски отпад ги вклучи општините Охрид, Битола, Прилеп и Дебарца.

 

Во општина Прилеп, акцијата започнува на 4-ти септември, а завршува со извлекување на наградите на 31ви октомври 2017.

 

Награден фонд: ЛЕД ТВ, фотоапарат Сонѕ ДСЦ Њ800Б, Гигабѕте смарт телефон Г Цласс – ЛТЕ, Дуал Сим, 5.00″ ХД ИПС(1З80*720 пиџ), Пионир ДВД 2242 и тостер Хјундаи СМ626.

 

Потенцијален добитник на една од овие пет награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект ДОО на територија на Прилеп.

 

За секој поединечен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува можноста за освојување на вредна награда. Одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат, електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт. Започнувајќи од оваа акција за доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон.

 

Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk и на веб страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи