Груевски: Ќе да ја намалиме невработеноста под 10 % и ќе отвориме нови 150.000 работни места

Facebook
Twitter
Email
Print

На Конвенцијата насловена како „Нова Ера“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нивната визија за наредните 10 години била да ја намалат стапката на невработеност под 10 % и да отворат нови 150.000 работни места.

 

„И вие знаете дека може да ни верувате, вие знаете дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може тоа да го оствари затоа што ние сме тие кои ги исполнуваат ветувањата, и ние имаме кадар и знаење а и енергија тоа да го направиме. Работа за сите, државата треба да обезбеди можности за работа за секој кој сака да работи! Намалувањето на невработеноста е најуспешниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ! Во периодот додека управуваме со земјата невработеноста значително се намали од 38,7% во 2005 година, на 22,6% во 2017 година. Во овој период креирани се околу 173.000 нови работни места. Ако успеавме да ја намалиме стапката на невработеност во услови на неколку годишна светска финансиска и европска должничка криза, неколкугодишна длабока домашна политичка криза, во стабилно опкружување можеме и имаме кредибилитет и резултати да ветиме дека ќе успееме во нашата нова цел, невработеност под 10 проценти во Република Македонија“, истакна Груевски.

 

Груевски рече дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ била стабилен и реален раст на БДП кој во просек требало да е 4% или повеќе. Ние ова можеме да го оствариме. Реално. Потребен е поголем приход по глава на жител, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

 

„Според класификациите на Светската Банка во моментот Македонија со околу 5 илјади долари приход по глава на жител Македонија влегува во горниот дел на групата средно развиени држави според приходот. Во 2006-та бевме со 3.300 УСД , па и покрај економските и политички кризи се направи сериозен прогрес. Нашата визија е преку сеопфатен напредок и развој на економијата земјата да влезе во групата на високо развиени земји според приходот со над 12.000 долари по глава на жител, во која група држави сега се Хрватска, Унгарија, Полска, Латвија и други. Oстварувањето на долгорочен и одржлив економски раст, зголемувањето на конкурентноста на економијата и на вработеноста, како и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните се приоритети на економските политики на ВМРО-ДПМНЕ. Современото управување подразбира постојано менаџирање во сите сфери на живот и работа кои се од витално значење за граѓаните и одредување на ризици (особено во економијата). Законите кои се носат треба да се прифатени и да им служат на оние на кои се однесуваат. Јавниот интерес како општа, заедничка вредност подразбира рамноправно учество на научна јавност, стручна јавност, културна јавност, политичка јавност. Јавното промислување се одвива, пред сè, во медиумите, но тој го покрива целиот јавен простор во кој се одредуваат темите на дебатите, начините на водење дебати и формите на аргументација. И вие знаете дека може да ни верувате, вие знаете дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може тоа да го оствари затоа што ние сме тие кои ги исполнуваат ветувањата, и ние имаме кадар и знаење а и енергија тоа да го направиме. Работа за сите, државата треба да обезбеди можности за работа за секој кој сака да работи! Намалувањето на невработеноста е најуспешниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ! Во периодот додека управуваме со земјата невработеноста значително се намали од 38,7% во 2005 година, на 22,6% во 2017 година. Во овој период креирани се околу 173.000 нови работни места“, рече Груевски.

 

 

Во наредната декада Македонија мора да остане земја со најниски даноци во светот, со најниска ефективна даночна стапка во светот, како што е и во овој момент, и со рамен данок. А платите и пензиите мора да се зголемуваат, додаде Никола Груевски во своето обраќање.

 

„Промената во давачките мора да оди единствено надолу односно да е поповолна за даночните обврзници. Државата треба да зема помалку од поединецот/работникот и од компанијата/бизнисот, затоа што обрзниците најдобро знаат како да располагаат со вишокот на средства кои ќе останат кај нив наместо истите средства да одат кај државата. Ние имаме кредибилитет за решенија и поволни новитети!, Привлекувањето на странски инвеститори да отворат фабрики, подршката на домашните компании за развој и отворање на нови работни места, капиталните инвестиции во инфраструктурата кои обезбедуваат вработувања, и намалувањето на невработеноста, ќе обезбеди плата за оние кои сега ја немаат, и ќе доведе до позитивен притисок врз работодавачите да ги зголемат платите на постоечките вработени.  Овој факт, и фактот на социјално ориентирана граѓанска десница која се грижи за повозрасните, ќе доведе и до пораст на пензиите. Зголемените плати и пензии ќе имаат позитивно влијание и врз јавната потрошувачка на стоки и услуги за широка употреба што пак ќе придонесе за враќање на парите во стопанството, пред се во малиот и среден бизнис, и позитиван акцелерација и мултипликација на националното богатство. Поголемите плати особено во цивилните столбови на општетсвото (здравство, образование, судство) ќе придонесат и за намален степен на корупција“, истакна Груевски.

 

Тој рече дека мора да има модернизација на селата, градот не можел без селото и селото не можело без градот.

 

„Со добра патна и друга инфруструктура, со напредна информациски и комуникациска технологија селата и градовите во Македонија треба да станат силно поврзани и да сочинуваат силна мрежа на меѓузависност. Употребата на информатички системи во подобро земјоделие, во предвидување на климатските фактори, со утврдување на пазарите и можноста за пласман, со интеренетизација на селата силно ќе се подобри квалитетот на животот. Репопулација на селото е една од целите. Стимулации за егзистенција на село, обезбедување на можности, подршка на останување во родното место се категории, или враќање во него, се цели  кои ќе го имаат нашето специјално внимание“, потенцираше Груевски.

 

Тој кажа дека иднината била во младите и затоа тие ветувале работа за младите.

 

„Младите луѓе се движечката сила. Бунтовноста и критицизмот на младите се природни и потребни. Тоа го движи општеството напред. Младите мора да добијат работа. Тоа е нашиот приоритет. Младите секогаш ќе имаат приоритет во вработувањето. Нашата цел е да ја преполовиме невработеноста кај младите луѓе. Семејството на младиот човек треба да се развива со тоа што државата ќе му обезбеди достапна градинка, достапно и квалитетно образование, ефикасно и модерно здравство,  чиста животна средина, подеднакви шанси за секого зависно од неговиот личен апацитет, знаење и афинитети, и намалени трошоци за семеен живот. Посебен аспект ставаме на можностите за културно забавен живот на младите, со силна подршка од државата и инвестирање во можностите за културен личен и кариерен развиток на малдиот човек“, рече Груевски.

 

Груевски вети и ефикасно и квалитетно образование, здравство, отворање на нови градинки, правдата како темел на државата и развој на спортот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи