ВИДЕО : Маратонците во Прилеп трчаа 110 км. низ планина

Во Прилеп се одржа  7-миот по ред планински ултра маратон „Krali Marko trail“. Оваа година маратонот е поделен во 5 трки. Најдолгата изнесува 110 км. и е насловена како „Крали Марко ултра треил“. Таа е и најдолгата планинска трка во Македонија. На неа учествуваа 40-тина натпреварувачи од повеќе држави. Другите трки се : „Трескавец треил“ долга 16 км, „Камена баба треил“ долга 31 км, „Козјак треил“ долга 65, а додека трката за најмладите „Маркукуле треил“ е долга 1 км. Годинава на маратонот се пријавени 400 учесници од 22 држави од целиот свет.

 

 

„Трката „Крали Марко ултра треил“ е прилично тешка и е единствена ваква во Македонија. Таа оди до врвот Трескавец, потоа до врвот Козјак, го посетува Небрегово преку Мукос, натпреварувачите имаат прилично интересна и тешка патека. Учесниците ќе имаат 30 часа време да ја завршат трката. Значи ние ќе бидеме тука до недела до 5 часот наутро за да ги пречекаме и последните учесници кои би пристигнале. Покрај оваа трка ја имаме и трката на 65 км. која стартува во 8 часот наутро, таму има 60-тина натпреварувачи и во 10 часот стартуваат натпреварувачите кои ќе учествуваат на трките со должина од 16 и 31 км. Тие се најмасовните трки каде учествуваат над 300 натпреварувачи“, изјави Игор Јованоски, организатор на настанот.

 

„По 7 ми пат во Прилеп ја одржуваме оваа трка и од година во година се трудиме да прераснеме во што е можно подобар и посериозен настан. Трката од 110 км. е сериозна трка една од најтешките на Балканот, природата е преубава. Годинава имавме мали проблеми со пожарите, но за среќа сега се изгаснати. Пред 2 години имавме 120 учесници, лани 300, сега имаме над 400 учесници, како Нов Зеланд, Австралија, Хонг Конг, Египет, Сирија, одличен е интересот“, Јовица Јованчев, организатор на настанот.

 

Ноќната стаза е обележана со рефлектирачки маркациии преку целиот тек, учесниците мора да имаат челна ламба, со резервни батерии,

 

 

„Не сме прв пат тука, но за прв пат учествуваме во толку голема бројка, дојдовме 40 натпреварувачи од Косово. Сите ќе трчаат различни рути на натпреварот. Не очекуваме да бидеме први секако, но очекуваме секако да ги завршиме трките. Трката на 110 км. планираме да ја поминеме за околу 20 часа“, вели Бурим Лисам натпреварувач од Косово.

 

„Во историјата на македонското планинско трчање ова е најдолга трка, вистински чпредиуизвик за сите. Јас сум редовен учесник на ваквите трки колку што можам, лани истрчав 90 км. па очекувам дека и оваа година ќе биде успешна со 110 км. Организациијата е прекрасна, стазата е одлилчна секоја година е се подобро и подобро“, истакна Здравко Дејанов, учесник на манифестацијата.

 

„Секоја година настанот го посетуваат се повеќе и повеќе учесници, што е позитивно. Тоа значи дека ваквиот тип на спорт е во пораст и дека има се повеќе и повеќе учесници на ваквите манифестации. Со планинско трчање се занимавам 4 години, неможам да кажам дека специјално се подготвував за оваа трка бидејќи постојано тренирам и ова е дел од мојата така да ја наречам агенда“, рече Александар Киркоски, учесник на манифестацијата.

 

Натпреварувачите се восхитени од организацијата и од стазата која нуди одлични можности за овој спорт.

 

 

„Јас доаѓам од Англија за прв пат сум тука. За оваа трка слушнав од мојот пријател Игор кога бевме на друга една ваква трка во Бугарија. Ова е одлична можност да се запознае нова држава. Има многу планински трки на Балканот и ги посетувам скоро сите. За прв пат започнав да трчам во 2009. Сакам да сум во планината затоа станав учесник на овие маратони“, Чарли Шарп, натпреварувач од Англија.

 

Ова е една од најпосетуваните трки на Балканот поради бодовите кои се добиваат.

 

Оваа трка станува се поактуелна кај странските натпреварувачи затоа што се добиваат бодови за трката Ултра треил ду Монблан која се смета за неофицијално светско првенство во планински маратони. Сега трката Козјак треил се бодува со 4 поени, а Крали Марко треиил со 5 поени.

 

„Тука сум за прв пат. Со планинско трчање започнав да се занимавам пред 1 година. Замене ова е еден предизвик. Многу ми се доапаѓаат планините. Тука со мојот пријател, тој трча на 65 км. јас на 16 км. Во планинското трчање ме привлекува тоа што сум блиску до природата“, вели Маја Харизанова, учесник од Бугарија.

 

„Јас 4 пати сум присутен на овој настан, сега ја трчам стазата која што е долга 31 км. Таа и не е толку брза мои години и ми одговара. Но тука пред се сме за друштвото. Кај планината ми привлекува тоа што никогаш неможеш да се измориш, нема кругови, секогаш е разлиично и прииродата ти дава сила“, кажа Никола Исајловски, учесник на манифестацијата.

 

За најмладите пак се одржа најкратката трка „Маркукуле треил“ долга околу 1 км. која водеше до манастирот Св. Архангел Михаил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien