СДСМ: Целосно ќе го гасифицираме Прилеп

Во прилог ви го пренесуваме целосно писменото соопштение на СДСМ Прилеп, како реакција на денешниот прес на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитувани,

 

Три изборни циклуси, Марјан Ристески, лажно ветуваше гасификација на Прилеп. Наместо за гасификација, тој бесрамно ги трошеше парите на граѓаните за прошетки во Австралија, Америка, Европа.

 

Со програмата „Живот во Прилеп за сите“ се обврзавме на целосна гасификација на Прилеп. Тоа и ќе го направиме. За нас, зборот е збор!

 

Со помош на Владата предводена од СДСМ, цела Македонија ќе биде поврзана со ТАП, еден од најпознатите европски гасоводни системи, како и со преносните системи на соседните земји.

 

По примерот на Струмица, каде успешно функционира гасификацијата, ќе го гасифицираме и Прилеп. Новата локална власт во Прилеп, со Илија Јованоски и СДСМ, ќе изгради 30 киломтери гасоводна мрежа низ Прилеп, и тоа до сите поголеми потрошувачи, како и обиколен прстен со должина од 18 километри.

 

Ќе ги поврземе со гас сите домаќинства и голем број јавни и административни објекти (училишта, градинки, старски дом, ученички дом, болница, администрација.

 

Граѓаните ќе плаќаат до 40% намалени сметки за греење. Тоа се повеќе пари во семејниот буџет за храна, за облека, за школски прибор за децата.

 

Фирмите ќе имаат заштеди во милиони денари, кои ќе може да ги инвестираат во отворање нови работни места.

 

Училиштата ќе ги користат заштедените пари за нови прозорци, врати, ефикасни фасади кој топлат, за нови табли, квалитетни столчиња, маси за седење, нови кабинети за практична настава на учениците, и многу други работи.

 

Во Прилеп ќе има живот за сите!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien