Илјадници евакуирани по експлозија на магацин за муниција во Украина

Facebook
Twitter
Email
Print

Преку 30 000 луѓе беа евакуирани по масивните експлозии и оган во магацин за муниција во централна Украина. Забранети се и летови во тој регион.

 

 

Експлозиите настанаа во воената база кај Калинивка, 270 километри западно од Киев. Според воени извори, веќе се работи на евакуација на населението од околните села каде што живеат преку 30 000 жители. Електричната и гасната мрежа во градот веќе се исклучени од централниот систем.

 

По доаѓањето во регионот, премиерот на Украина Владимир Гроисман истакна дека надворешни фактори се причината за овие масовни експлозии.

 

Според локалните медиуми, ова е веќе четврта експлозија на воени магацини за муниција во претходните две години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи