Вардар во Трондхајм по првите бодови во Лига Европа

Facebook
Twitter
Email
Print

Фудбалерите на Вардар синоќаа го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Леркендал“ во Трондхајм каде вечер против Розенборг ќе го одиграат натпреварот од второто коло во Лига Европа.

 

Вардар за прв пат игра против норвешки тим, но оваа сезона покажа дека му лежи скандинавскиот фудбал. Македонскиот шампион го елиминираше Шведски Малме, а беше на добар пат да го помине и Копенхаген, но потфрли на натпреварот во Данска.

 

Двете екипи во меѓусебната пресметка влегуваат по убедливите порази на стартот, Вардар од Зенит (0:5), Розенборг од Сосиедад (0:4).

 

Норвешкиот претставник објави дека одлично им оди продажбата на билетите, па за очекување е вечерва пред полни трибини да истрча Вардар на „Леркендал“, стадион кој има капацитет од 21.405 места. Токму на овој стадион се играше Суперкупот на Европа минатата година, пред да пристигне во Скопје летово. Поединечните влезници за мечот меѓу Розенборг и Вардар се продаваат по цена од 20 до 60 евра. Вардарци ќе ја имаат и поддршката од Комити кои направија голем подвиг откако решија со автобус да тргнат до Трондхајм до каде треба да поминам околу 3300 километри.

 

Тренерот на македонскиот шампион Чедомир Јаневски беше помошен тренер во Олимпијакос пред 12 години кога токму на стадионот „Леркендал“ резултатот беше нерешен.

 

„Се сеќавам на тој натпревар, одигравме 1:1. Од она што знам дека не е лесно да се игра тука. Станува збор за типично скандинавска екипа која што физички е добро подготвена. Одлични се во воздушните дуели. Ќе бидат тоа, навистина, тешки 90 минути“, изјави Чеде.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи