ВИДЕО : Концертната сала на Хамбург архитектонско чудо дизајнирано со алгоритми

Хамбург ја доби најмодерната концертна сала за светот. Се вика „Elbphilharmonie“, собира 2.100 луѓе, и чини 843 милиони долари. Дизајнирана е од швајцарските архитекти Жак Херцог и Пјер де Меурон (познати по Националнјот стадион во Пекинг, познат и како „птичјо гнездо“), во соработка со јапонскиот акустичар Јасухиса Тојота (познат по Концертната сала на Волт Дизни во Лос Анџелес).

 

Со голема помош од комплексни алгоритми, овие тројца ги дизајнирале 10-те илјади акустични панели од кои е составен аудиториумот.

 

 

Секој од овие акустични панели се состои од еден милион „ќелии/клетки“ кои ги покриваат таваните, ѕидовите и преградите на централниот дел од салата.

 

Кога звукот ќе удри во овие панели, „клетките“ помагаат да се оформи звукот; или ги апсорбираат звучните бранови, или ги рефлектираат, или ги распрснуваат ширум салата.

 

Оттаму, нема два исти акустични панела кои го „трансформираат“ звукот на ист начин. Меѓутоа, земени во целина, создаваат перфектна акустика и аудио што може да се чуе во секој дел од салата.

 

Покривот на зградата е дизајниран да ја имитира формата на брановите на реката Елба, а фасадата е составена од 1.000 глас-панели кои ја менуваат бојата во зависност од светлината.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи