ВИДЕО – Ристески : Започна изградбата на паркот во населбата Точила 3

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Ристески денеска на прес конференција го најави почетокот на изградбата на новиот парк во населбата Точила 3.

 

Ристески истакна дека ЈКП „Комуналец“ од Прилеп продолжува со изградба на нови парковски површини во Прилеп. Денеска започна изградбата на паркот во населбата Точила 3. Се очекува паркот да биде готов до почетокот на идната година.

 

 

„Претходно беа изградени парковите во населбите Точила 1 и Точила 2. Со оваа најнова инвестиција комплетно ќе се уреди просторот во целата населба. Паркот во Точила 3 ќе се простира на површина од 10.000 м2, ќе има патеки поплочени со бекатон плочки, зелени површини, урбана опрема, избушен е бунар за технолошка вода за полевање на паркот, ќе има детски игралишта и други содржини. Инвестицијата изнесува 6 милиони денари, пари обезбедени од буџетот на локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“. Со сите овие парковски содржини кои се градат, плоштадот пред црквата Св.Петка, градинката која ќе се гради веднаш до црквата, Точила ќе стане една од најубавите населби во Прилеп“, изјави Ристески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.