Видео – СДСМ: Марјан Ристески ги прошета сите континенти и не донесе ниту една инвестиција

За 12 години додека е градоначалник, Марјан Ристески посети десетици држави од каде што требаше да донесе странски инвстиции, се фалеше дека Прилеп е збратимен со голем број градови и дека градот Прилеп ќе има голем бенефит од сето тоа, но на крајот испадна дека е лага, изјави во денешната прес конференција кандидатот за Советник на листата на СДСМ за Прилеп, Никола Багески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Стоиме пред една од индустриските зони која според многубројните ветувања на Марјан Ристески, требаше да биде полна со фабрики на странски инвеститори. Тоа што фабриките ги нема, значи дека Марјан Ристески лажел.

За 12 години седење во градоначалничката фотелја, Марјан Ристески, ги помина скоро сите континенти, посети десетици држави, и сето тоа, како што ги убедуваше граѓаните на Прилеп, требаше да резултира со пронаоѓање инвеститори и отворање нови работни места.

Се фалеше дека Прилеп е збратимен со градови од Украина, Италија, Полска, Словачка, Албанија, Бугарија и не со еден, ами со два града од Турција.

Меѓутоа и ова како да не му беше доволно на Ристески, па се збратими и со градови од Америка, Кина и неговата омилена дестинација, Австралија.

После огромните пари потрошени за прошетките низ светот, нашите сограѓани очекуваа да го видат економскиот бенефит од белосветски екскурзии на Марјан Ристески.

Го повикуваме Ристески, да каже барем една единствена фирма од градовите со кои Прилеп е збратимен, а која отворила производствен погон во некоја од индустриските зони!

Исто така, прилепката јавност долго време очекува одговори од Марјан Ристески за причините на неговите посети на Австралија, како и за тоа дали поседува приватни бизниси во најдалечниот, но за него толку близок континент?

Ова се само дел од прашањата за кои Ристески очигледно нема храброст да ги одговори пред граѓаните. Затоа бега од ТВ дуел!

Почитувани сограѓани,

Новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски ќе направи ревизија на трошењето на буџетските средства. Ви гарантираме дека секоја нивна злоупотреба констатирана од надлежните ревизорски куќи, ќе биде проследена до правосудните органи и соодветно санкционирана.

Новиот градоначалник Илија Јованоски ќе воспостави бизнис релации со збратимените градови и ќе создаде поволна клима за влез на инвеститори од државите со развиени економии.

На 15 октомври ќе завршат злоупотребите на општинските пари за туристички патувања на аздисаната локална власт“, истакна Багески

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.