Започна 17-тиот по ред меѓународен музички детски фестивал „Ѕвездички“

Вечерва во Прилеп започна 17-тиот по ред меѓународен музички детски фестивал „Ѕвездички“. Фестивалот трае 2 дена. Втората фестивалска вечер ќе се одржи утре со почеток во 19 часот во домот за култура „Марко Цепенков“. На фестивалот учествуваат деца од повеќе држави.

 

Покровител на „Ѕвездички“ веќе 17 години е Општина Прилеп.

 

Основна цел на фестивалот е да создаде пријателски врски помеѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики помеѓу децата од целиот свет.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи