Хамилтон победи во Јапонија

Кога Ф1 циркусот се префрли во Азија за трката во Сингапур пред неколку недели, никој не се надеваше дека трката во шампионатот на возачи ќе биде веќе завршена со трката во Јапонија.

 

Но токму тоа се случи со победата на Хамилтон утрово на Јапонското Гранд При. Со оваа победа, бодовна разлика со возачот на Ферари и негов главен конкурент Себастијан Фетел, кој беше принуден предвреме да ја заврши трката поради дефект, се искачи на 59 бодови, на само четири трки до крајот.

 

Доколку Хамлитон го победи Фетел со 16 бодови разлика на следната трка во Остин и математички сè ќе биде готово. Хамилтон ќе биде најуспешниот возач во Формула 1 од Британија, освојувајќи ја својата четврта титула во овој шампионат, без разлика дали тоа ќе биде во САД, Мексико, Бразил или Абу Даби, со што ќе го помине легендарниот Сер Џеки Стујард.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи