ВМРО-ДПМНЕ : Сите населени места кои ги наведе Јованоски веќе имаат патишта, водоводи, канализација и училишта

Господине Јованоски, повторно на површина излегува вашата неукост и непознавање за локалната самоуправа за која претендирате да бидете градоначалник.  Сите населени места кои ги наведовте веќе имаат водовод, канализација, реновирани училишта, асвалтирани патишта.  Се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Гледаме дека покрај тоа што не сте скромни во ветувањата, повторно сте нереални.

Сите овие проекти се реализирани благодарение на локалната самоуправа на чело со Марјан Ристески.

 

Во паника, со низок рејтинг и немајќи што ново да им понудите на граѓаните, се приклонувате кон лажни ветувања.

 

Вашата несериозност  и потценувањето на граѓаните на општина Прилеп нема да поминат на 15 Октомври.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи