ВИДЕО – Ристески : Еднократен отпис на долгови за вода и ѓубретарина за граѓаните од социјално загрозени семејства

Денес, на овој голем празник на сите граѓани на Република Македонија, на овој голем празник на сите граѓани на Oпштина Прилеп, сакам да најавам еден проект, една мерка која се однесува на најранливата категорија наши сограѓани, социјално загрозени семејства. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ ии коалицијата за Прилеп, Марјан Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„По конституирање на новиот Совет на општина Прилеп, ќе му предложам  да биде усвоена следната мерка: Еднократен отпис на долгови од комуналната сфера. Еднократен отпис на долгови за вода и ѓубретарина за граѓаните од социјално загрозени семејства во општина Прилеп.

 

Ќе биде формирана комисија составена од советници во Советот на општина Прилеп, директорите и претставници на комуналните претпријатија, која по точно определените критериуми ќе утврдат кои се граѓаните кои ќе ги опфати  оваа мерка.

 

Истовремено, сакам да најавам дека и во наредните 4 години општина Прилеп и јас како градоначалник ќе ја продолжиме практиката  да склучуваме договори за вршење на јавни работи со лица од социјално ранливите категории.

 

Почитувани сограѓани, драги прилепчани,

 

Од страна на СДС вчера слушнавме дека Антифашистичкото востание започнало во Прилеп на 11 –ти Октомври 1944, а завршило на 3-ти Ноември 1944. Според СДС, НОБ траела 23 дена. Додека тие мислат дека НОБ траела 23 дена, ние во програмата за овие избори понудивме 23 капитални проекти!

 

Затоа, ве повикувам на 15-ти Октомври да го заокружиме бројот 13! Број 13 за работа, за Прилеп, за Македонија!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи