ВИДЕО – Ристески : Прилеп ќе прерасне во културен и туристички центар

Во изминативе 12 години вложувањето во културата и зачувувањето на културните и историските вредности ни беа едни од врвните приоритети во нашето работење. Прилеп прерасна во културен и туристички центар, не само во Македонија туку и во поширокиот регион. Токму поради големиот број на манифестации во текот на годината, Прилеп го носи епитетот – најфестивалски град во Македонија. Рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Исто како и во изминативе години и во наредниве 4 ќе продолжиме со работа и во оваа област. Ќе ги реализираме следните проекти:

 

 

  • Природниот комплекс „Маркови кули“ ќе прерасне во светски центар за екстремни спортови (параглајдинг, болдеринг, планински велосипедизам,планинарење).

 

  • Се планира вештачкото езеро да прерасне во познато туристичко место со изградба на викенд населба. Просторот околу езерото ќе биде осветлен, ќе има патеки, клупи, летниковци, спортски терени и трим патеки.

 

  • Ќе се формира Културно-туристички центар „Крали Марко“ Во просториите на општествениот дом во населбата Варош

 

  • Ќе изградиме туристички камп за посетителите кои доаѓаат во Прилеп, а се учесници на некој од авантуристичките и екстремни спортови кои се негуваат во нашиот град. Бројот на овие туристи секоја година е се поголем.

 

  • Ќе се гради полетувалиште за параглајдери кај месноста Две Стени со што Прилеп ќе стане независен и самостоен центар за параглајдинг. Прилеп веќе доби едно вакво полетувалиште кај манастирот Трескавец

 

  • Болдерингот стана еден од препознатливите екстремни спортови за Прилеп кој привлекува туристи од сите континенти. Токму затоа направивме вештачка карпа која се наоѓа во гимазијата „Мирче Ацев“, а ќе изградиме и уште една

 

  • Во наредниот период ќе набавиме туристички комбиња на електричен погон, со цел овозможување на туристички прошетки низ градот. Со тоа ќе се придонесе за заштита на животната средина

 

  • Бидејќи се поголем е бројот на туристи кои сакаат да го посетат манастирот Трескавец, во иднина ќе се изгради видиковец кај месноста Црквиште, а ќе се постават и информативни табли и урбана опрема на патот до манастирскиот комплекс.
  • и поради се поголемоит број на туристи веќе се спрема деталниот план за продажба на земјиште за изградба на убав и модерен хотел кој ќе ја подобри и задоволи туристичката понуда на градот.

 

  • Ќе продолжиме со реконструкцијата на опожарените конаци, проект започнат и финансиран од претходната Влада. Се очекува комплексот да биде готов до крајот на наредната година, а започнати се и подготовките за реализација на проектот за конзервација на црквата.
  • Конзервација на црквата и фрескоживописот во манастирот Св. Никола во Мариово

 

  • Прилеп ќе прерасне во град уметноста. Ќе им обезбедиме услови на уметниците за изработка на мозаици кои потоа ќе бидат поставени во различни делови на градот. Ќе бидат определени и места за графити и уметничка урбана опрема кои ќе овозможат модерен изглед на градот

 

  • Прилеп ќе добие музеј на карневалот „Прочка“ каде ќе бидат претставени маски и предмети од меѓународниот карневал

 

  • Општина Прилеп ќе оддели средства за финансиска поддршка на градскиот хор

 

  • Планираме да оформиме и градски оркестар за кој ќе се набават инструменти и униформи

 

  • Ќе се продолжи со активна и максимална поддршка на досегашните фестивалски брендови

 

  • Заштита на фасадите на старите објекти и куќи како што е објектот каде е сместена матичната служба, фасадите на старата прилепска чаршија, зградата на катастарот, Бизнис центарот, рибниот ресторан, училиштето Кочо Рацин, Старата железничка станица и други побјекти

 

  • Ќе се постават нови споменици на значајни дејци и заслужни личности како што се Мирче Ацев, Душко Наумоски, Симбол за битката на ножот и пет бисти на народни херои во алеата на Паркот на Револуцијата, а ќе се постават и нови ѕвезди на патеката на славните

 

  • Ќе се даде поддршка во изградба на црква во населба Тризла и Параклиси во населбите Сточен Пазар и Марино маало

 

  • Ќе продолжиме со поддршката во изградбата на плоштад и дозиградба на џамијата во населба Тризла

 

 

За да ги реалаизираме овие проекти.

За да продолжиме со работа за Прилеп.

За да Прилеп прерасне во културен туристички центар.

Во недела Почитувани сограѓани , да го дадеме својот глас за број 13!

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи