ВИДЕО – СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ да не помисли на купување гласови

Се наоѓаме на крајот на изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат во недела, 15 октомври. Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исклучително задоволна од текот на кампањата, од приемот кај граѓаните на кој наидоа нашиот кандидат за градоначалник Илија Јованоски и кандидатите за советници во општинскиот Совет. Истакнаа денеска на прес конференција од СДСМ Прилеп.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Од тие причини, одовде, пред зградата на Општина Прилеп , со сигурност можеме да кажеме: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе победи на изборите, а д-р Илија Јованоски ќе биде новиот градоначалник на Општина Прилеп.

 

Во оваа прилика, во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, сакам да упатам јасна и недвосмислена порака до нашите политички конкуренти. До Марјан Ристески, до носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, до директорите на јавните претпријатија, до сите партиски функционери и поединци, да не помислат дека со фалсификување на волјата на граѓаните можат да останат на власт.

 

ВМРО-ДПМНЕ, да не помисли повторно да ги употреба нивните познати методи за кои слушнавме и во „бомбите“ на купување гласови, нудење мито, упатување закани и уцени до гласачите. Овој пат тоа нема да им помине.

 

Институциите на системот ќе го заштитат неприкосновеното право на слободно изразување на избирачката волја на граѓаните!

 

Сакам да ви укажам дека согласно Кривичниот законик, за секоја повреда или злоупотреба на избирачкото право, за поткуп или повреда на тајноста на гласањето како и за изборна измама, предвидени се затворски казни во траење од 3 до 5 години.

 

Истовремено, апелираме до граѓаните сите обиди за поткуп или било кој вид на спречување или повреда на нивното избирачко право, да го пријават во Полициската станица од општа надлежност во Прилеп.

 

Почитувани сограѓани, драги прилепчани,

 

Времето на владеење и останување на власт со закани и уцени заврши. Правната држава почнува да функционира и да ги санкционира сторителите на кривични дела.

 

Желбата за промени на граѓаните на Општина Прилеп најдобро се виде на величествениот митинг кој СДСМ и коалиционите партнери го одржаа на 11.Октомври. Неа повеќе никој не може да ја спречи.

 

Во недела ги заокружуваме промените на локално ниво. Прилепчани масовно ќе гласаат за бројот 19, за Илија Јованоски, за живот во Прилеп за сите!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи