Трамп планира да објави 3.000 необјавени документи поврзани со убиството на Кенеди

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе обелодени 3.000 документи на ЦИА кои според некои извори би можеле да влијаат на досегашните факти и докази дека убиецот на Џон Кенеди, Ли Харви Освалд, делувал сам во извршениот атентант.

 

Трамп изјави дека ќе одобри објавување на преостанатите класифицирани документи за атентатот за претседателот на Џон Кенеди од 1963 година.

 

„Како претседател ќе го одобрам отворањето на блокираните и класифицирани досиеја за ЏФК“, напиша Трамп на Твитер.

 

Американскиот национален архив низ годините објавуваше документи за атентатот, но последните делови од досејата се и понатаму тајни и само Трамп може да реши дали ќе да останат затворени за јавноста или ќе бидат објавени во редактирана форма.

 

Убиството на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година е еден од најважните датуми во американската историја и до ден денес е популарна тема меѓу теоретичарите на заговор, иако службената истрага заклучила дека за атентатот е одговорен единствениот напаѓач и стрелец Ли Харви Освалд.

Некои теории кои велат дека во атентатот бил вмешан организиран криминал, дека постои вмешаност на Куба, па дури и агенти на американската тајна служба. Но, теоретичарите на заговор не приложиле никаков доказ за тоа дека Освалд имал помош од страна.

 

Весникот „Вашингтон Пост“ пишува дека, според експертите, документите кои ќе бидат обелоденети во јавноста од страна на Трамп нема да донесат какви било нови бомбастични информации, но би можеле да ги расветлат активностите на атентаторите кога Кенеди бил во Мексико Сити на крајот на септември 1963 година, како и делувањето на кубанските и на советските шпиуни.

 

Кенеди беше убиен на 46-годишна возраст и до денес е запаметен како еден од најомилените американски претседатели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи