ФИФА награди за најдобрите од 2017

Facebook
Twitter
Email
Print

Португалецот Кристијано Роналдо по петти пат е избран за најдобар фудбалер во светот. Ѕвездата на Реал Мадрид, во традиционалниот избор на ФИФА, победи пред Аргентинецот Лионел Меси и Бразилецот Нејмар.

 

Роналдо исто така по 11. пат се најде на подиумот меѓу најдобрите единаесет, заедно со соиграчите од тимот, Марсело, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Тони Крос. Покрај петмината на Реал, во идеалниот тим  беа одбрани и Леонардо Бонучи, Дани Алвеш, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Нејмар, и секако најдобриот голман за оваа година, Џиџи Буфон

 

Првата награда на вчерашната свечена церемонија  во Лондон ја доби Оливие Жиру, чијшто „шкорпион“ е прогласен за најдобар гол во минатата сезона.

 

Наградата за најдобар голман за 2017 година оди кај Џанлуиџи Буфон. Чуварот на мрежата на Јувентус игра на високо ниво и во својата 39-та година. Минатата сезона ја предводеше „старата дама“ до финалето на Лигата на шампиони, како и шестата титула во низа во Серија А.

 

За најдобар тренер е прогласен Зинадин Зидан, кој втора година едно по друго со Реал Мадрид, предводен токму од Роналдо ја освои Лигата на шампионите, а ги придодаде и титулите во шпанската Ла Лига и европскиот Суперкуп.

 

Дваесет и четиригодишната репрезентативка на Холандија и член на женскиот тим на Барселона, Лике Мартинс ја освои наградата за најдобра фудбалерка за 2017 година. Фудбалерката за врска на „лалињата“ ја предводеше репрезентацијата до самата завршница на ЕП за жени, каде на првенството исто така беше одбрана за најдобра.

 

Најдобар тренер во женската конкуренција за 2017 година е токму селекторката на шампионскиот холандски национален тим Сарина Вигман. Вигман ја однесе селекцијата на Холандија до златниот медал на Европското првенство на свое тло, победувајќи ја репрезентацијата на Данска во финалето со резултат од 4-2, а при тоа успеаја да го направат тоа без ниту еден пораз.

 

Наградата за фер-плеј ја доби Френсис Коне, кој во февруари годинава му го спаси животот на фудбалерот на Бохемианс, Мартин Берковиц.

 

Навивачите за најдобра навивачка група ги избраа симпатизерите на Селтик.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи