Пуџдемон: Укинувањето на автономијата на Каталонија ќе доведе до ескалација на кризата

Facebook
Twitter
Email
Print

Наместо да присуствува на утрешната средба во шпанскиот сенат, каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон на пленарна седница ќе го конкретизира одговорот кон Мадрид кој почна постапка за преземање на контролата врз автономниот регион. Покрај политичката криза, осамостојувањето на Каталонија ќе предизвика и економски загуби.

 

„Планот на шпанската Влада ќе направи уште поголема и посериозна вонредна состојба при одземање на политичката автономија на Каталонија“, истакнал Пуџдемон во своето писмо до шпанскиот Сенат.

 

Денешната седница на каталонскиот Парлемант ќе започне од 17 часот, а по референдумот, на неа се очекува да биде изгласана Декларацијата за независност на Каталонија. Истовремено, денеска во Мадрид шпанскиот Сенат ќе ја разгледува примената на членот 155 од Уставот на Шпанија, со цел преземање на институциите, полицијата и финансиите на Каталонија во случај тој регион да не се откаже од прогласувањето на независнос.

 

Потпретседателот на Каталонија, Ориол Жункерас, вчера изјави дека шпанските власти не им оставиле опции на властите на тој регион освен да продолжат со прогласувањето на независноста.

 

„Потезите на Шпанија не им оставаат никаква друга опција на каталонските сепаратисти освен да прогласат нова република. Според нашето сфаќање, имаме демократски мандат за прогласување нова република. Шпанската Влада не ни остави никаква друга опција“, вели Жункерас.

 

Сенатот, горниот дом на шпанскиот парламент, треба утре да и одобри на шпанската влада преземање на контролата врз каталонските финансии, полицијата, телекомуникациите и регионалните јавни медиуми, и да ја суспендира сегашната каталонска влада. За шест месеци ќе бидат свикани и нови регионални избори. Според Рахој, вонредните мерки се единствениот начин да се избегне и економска пропаст.

 

„Постои важен приоритет за повторно воведување на законодавството и мирниот соживот во Каталонија, но и за гарантирање на слободата и правата за сите граѓани. Состојбата во Каталонија е сериозна. Пред сè, бидејќи владата и парламентот се ставија над законот“, изјави шпанскиот премиер, Маријано Рахој.

 

Во меѓувреме, градот Белпуџ го направи првиот чекор и прогласи независност од Шпанија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи