ВИДЕО : Ставре Јада на прагот од освојувањето на А норма и учество на зимската Олимпијада

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање Ставре Јада од Крушево е на чекор од освојувањето на А олимписка норма за да може да учествува на зимската Олимпијада која во 2018 година ќе се одржи во Пјеонгчанг, Јужна Кореја. Јада вели дека за неколку денови заминува на подготовки во Шведска.

 

Пред Олимпијадата имал уште 10-тина трки, а од нив му биле потребни само 2 за да ја оствари таа А олимписка норма.

 

Јада вели дека нордиското скијање станува популарен спорт помеѓу младите. Но сепак потенцира дека треба повеќе да се инвестира во изградба на ски стази за тренинзи, особено во Крушево каде имало идеални услови за тоа.

 

Со изградбата на тие стази тука на подготовки би доаѓале и скијачи од соседните држави, а со тоа би се развил уште повеќе туризмот и би се афирмирало како Крушево така и Македонија.

 

Повеќе од разговорот со Ставре Јада погледнете во видеото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи