Барса по пет години без гол на натпревар од групната фаза од ЛШ

Facebook
Twitter
Email
Print

Барселона вечерва ремизираше 0-0 на гостувањето против Олимпијакос, натпревар на кој каталонците и покрај доминацијата и создадените шанси не успеаја да ја затресат мрежата на грчкиот шампион.

 

Освен неуспехот, овој меч Каталонците ќе го памтат и по еден неславен рекорд. Имено, за првпат по пет години пауза Барса не постигна гол на меч од првата фаза од елитното европско натпреварување.

 

„Се обидовме да дојдеме до голот на противниот преку поседот на топката, но тие одлично си ја завршија работата во дефанзива. Имавме шанса за победа и да си ја осигураме следната фаза, но не успеавме и мораме да продолжиме понатаму“, изјави тренерот Валверде.

Претходно, тоа беше случај на дуелот на „Камп ноу“ на 5 декември 2012 година, на кој Барса ремизираше 0-0 против Бенфика, дуел кој немаше преголемо значење бидејќи каталонците веќе имаа обезбедено место во осминафиналето.

 

На Барселона потребен и е само еден бод во следните две кола за пласман во нокаут фазата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи