ВИДЕО: Изгоре куќата на семејството Стеваноски од Прилеп

Изгоре домот на семејството Стеваноски на улицата „Пиринска“ број 103, во страшниот пожар кој синоќа се случил околу 20 часот. Во моментот на пожарот во куќата сама била само нивната ќерка која забележала како излегува џад од дневната соба од местото каде што стоел телевизорот. Во паника веднаш им се јавила на нејзините родители и на противпожарната служба, но за жал огнот се раширил со голема брзина преку целиот спрат и целосно го опустошил. Стеваноски сега бараат помош од добронамерни луѓе затоа што велат им изгорело сè што печалеле со години.

 

 

„Како што гледате и сами се е опустошено, во половина час изгоре сè што имавме. Пожарот се случи синоќа околу 20 часот. Ние со сопругата не бевме дома, тука сама беше ќерката која забележала како излегува џад од дневната соба, најверојатно од кај телевизорот. Веднаш не повика нас и противпожарната служба, но огнот брзо се проширил. Упатувам апел до сите добри луѓе да помогнат колку што можат, пред се фала му на Господ што сме здрави и живи“, изјави Орде Стеваноски, сопственик на куќата.

 

Денеска семејството Стеваноски го посети и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој им вети финансиска помош за обнова на нивниот дом.

 

„Горниот спрат од куќата на Орде Стеваноски е целосно уништен во пожарот што се случил вчера. Затекнавме навистина една страшна слика, но за среќа тоа е само материјална штета, што мислам дека во рамките на нашите надлежности кои што ги имаме ќе ја надоместиме во голем дел и ќе направиме напор за да добиеме помош и од други места“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Стеваноски ноќва и деновите кои доаѓаат ќе ги поминат кај нивни роднини и пријатели затоа што во домот нема повдеќе услови за престој. Се надеваат дека ќе го обноват во најскоро можно време затоа што доаѓа и зимата.

 

Сите добронамерни граѓани кои сакаат да помогнат можат да донираат на ж-ска : 370056301551821 – Еуростандард банка или да го контактираат семејството на тел. : 070-611-513.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи