Тимоние: Неопходна согласност од сите партии за евентуална средба во Париз

Facebook
Twitter
Email
Print

Евентуалната средба на македонските политички партии во вилата на Жан Моне во Париз треба да биде резултат на нивната подготвеност сите да присуствуваат и да работат заедно за да го изодат патот кон Европската унија. Ако не можат да се договорат, ќе се постави прашањето какво би било местото на Македонија во Унијата, смета францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

 

„Треба пред сè сите да бидат согласни за да дојдат во вилата во Париз, тоа е предуслов. Меѓутоа, ако договорот меѓу партиите не може да се направи во Македонија, постои можноста тие да се соберат во Париз. За нас тоа е пред сè е работа на македонските партии. Ние ќе бидеме само добронамерни домаќини. Во секој случај, треба партиите на сосема конкретен начин да најдат можност да работат заедно за да го изодат тој пат до ЕУ. Доколку македонските партии не најдат начин да работат заедно, можеме да се запрашаме какво би било местото на Македонија во Европа. Тој одговор им го препуштам на македонската страна”, рече Тимоние.

 

Во секој случај, додава Тимоние, партиите треба на сосема конкретен начин да најдат можност да работат заедно со цел да го изодат патот кон Европската унија.

 

„Доколку македонските партии не успеат да најдат начин да работат заедно, може да се запрашаме какво би било местото на Македонија во Европа. Се разбира, тој одговор и го препуштам на македонската страна, изјави Тимоние

 

Амбасадорот учествува на Научен ден посветен на Првата светска војна на тема: „Балкански општества во Првата светска војна“ на кој учествуваат експерти од Франција, Романија, Албанија, Србија и од Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи