Повеќе од 25.000 луѓе беа убиени во терористички напади во 2016 година

Facebook
Twitter
Email
Print

Бројот на жртви на тероризам во 2016 година се намали за 13% во споредба со претходната година. Ова го соопшти Институтот за економија и мир, што во Лондон го претстави извештајот насловен „Индекс на глобалниот тероризам“, при што се обработени податоци за 163 земји во светот.

 

Според податоците, во изминатата година терористи убиле 25.673 луѓе што е за 22% помалку во споредба со 2014 година кога бројот на жртви изнесуваше 32.600 луѓе. Терористичката група „Исламска држава“ е одговорна за смртта на над 9.100 луѓе, што е за 50 отсто повеќе отколку во 2015 година.

 

Во текот на изминатата година, 77 земји беа погодени од тероризам. Ова е 12 земји повеќе отколку во 2015 година, кога терористичките напади беа во 65 земји.

 

Листата на најопасни земји во однос на терористичките закани е предводена од Ирак, Авганистан, Нигерија, Сирија, Пакистан и Јемен.

 

Во Европа минатата година забележан е рекорден број жртви на терористички напади. Ако во 2002 година бројот изнесуваше 14, во 2016 година нивниот број се зголеми за 60 пати – до 826, додека бројот на нападите е зголемен речиси четирипати – до 630. Петте најранливи земји на Стариот Континент се Турција, Франција, Велика Британија, Германија и Белгија.

 

Индексот е создаден во 2012 година и користи информации од базата на податоци за глобален тероризам на Универзитетот во Мериленд. Индексот е изработен од Институтот за истражување на Австралискиот институт за економија и мир и е презентиран во Лондон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи