Вардарки со максимален број на бодови во втората фаза на ЛШ

Можеби дојде времето и женскиот тим на Вардар да се закити со титулата во Лигата на шампионите.

 

„Црвено-црните“ одиграа уште една блескава партија и го совладаа Туринген со 29 спрема 21 во рамките на групата „Ц“. Нашиот првак во мечот со Германките имаше одредени потешкотии во првиот дел, но, во вториот успеа пред време да го реши победникот откако направи предност од 23-15 и 27-19.

 

„Многу се подготвувавме за тактиката 7 на 6. Во првото полувреме менувавме играчи за да можеме да играме на квалитетно ниво во текот на сите 60 минути. Задоволна сум што ги освоивме сите 12 бода во групата“, изјави тренерот на ЖРК Вардар Ирина Дибирова.

 

Првата фаза од елитното натпреварување дава такви насоки. ЖРК Вардар е единствената екипа во ЛШ со максимален ефект по првата групна фаза. Без разлика како ќе завршат останатите натпревари од последното коло, нашиот првак ќе пренесе осум бода во следниот дел и веројатно уште сега ќе го има обезбедено пласманот во четврфиналето.

 

Како што стојат работите, во втората групна фаза за противници ќе ги има Мец, Будуќност и Битигхајм против кои може само да го продолжи победничкиот од. Горниот дел од ждрепката е нешто потежок, таму се Букурешт, Ѓер и Ростов, сите кандидати за завршниот турнир во Будимпешта.

ЖРК Вардар е и убедливо најефикасен тим во досегашниот дел од сезоната иако постои реална можност Букурешт да го мине затоа што му требаат 24 гола во дуелот со последнопласираниот тим на Гдиња. Без разлика на се, од досега виденото може да се заклучи дека ЖРК Вардар е најсериозниот кандидат за титулата иако сезоната тукушто почна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien