Кој е Џон Колисон, најмладиот милијардер во светот?

Џон Колинсон е 27 годишен милијардер кој заедно со неговиот две години постар брат Патрик ја основаа платформата „Страјп“ во Сан Франциско, која овозможува онлајн плаќање, па со самото тоа се најдоа на списокот најбогати млади милијардери пред 30-тата година.

 

Двата браќа потекнуваат од рурално место во Ирска, а нивната фирма денес вреди 9 милијарди долари. Според пишувањата на медиумите, тие се пример дека парите ги немаат променето, а Џон истакнал дека често му го поставуваат тоа прашање, но дека тој не знае што да каже, бидејќи има чувство дека од него секогаш очекуваат некој интересен одговор.

 

„Луѓето често ни го поставуваат сега ова прашање и чувствувам дека секогаш очекуваат некој интересен одговор, но јас го немам. Прашуваат: „Како се промени вашиот живот?“ Очекувајќи да имам некое ново хоби како учество на трки со јахти или нешто слично“, раскажува Џон.

 

Браќата првиот милион го заработиле пред запишувањето на факултет, а потоа ги имаат оставено студиите за да се посветат на усовршување на своите вештини и апликации, поради кои денес се на списокот на млади и успешни милијардери.

 

Софтверските системи на оваа фирма им овозможуваат на клиентите ширум светот полесно да го завршуваат своето онлајн плаќање и да ги водат своите веб сајтови. Денес, „Страјп“ има 750 вработени, 500 во Сан Франциско и 150 во станство, вклучувајќи ги и европските канцеларии во Даблин, Лондон, Париз и Берлин.

 

„Се додека интернет економијата расте ќе расте и нашата компанија. Не знам за вас, но мислам дека тоа е сигурна работа на која вреди да се обложите“, заклучува Џон.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи