ФИФА ранкинг: Македонија од 166-то за седум месеци на 76-то место

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонската репрезентација веројатно ќе биде 76-та на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), која денеска треба да ја објави ноемвриската листа. Според пресметките достапни на интернет-страницата на ФИФА, Македонија треба да има 446 поени, односно 36 повеќе отколку во октомври.

 

„Црвено-жолтите“ за само седум месеци од 166-тата успеаја да напредуваат веќе 90 позиции, што претставува импресивен напредок во една календарска година. Овој успех се должи на одличните резултати, односно петте победи, трите нерешени и само еден пораз оваа година.

 

Со овој резултат, репрезентацијата на Македонија и понатаму е меѓу четирите најсериозни кандидати за наградата на ФИФА за селекција со најголем напредок во 2017 година. ФИФА од 2007 година доделува официјална награда за репрезентацијата со најголем напредок во една година, за што предвид не се зема само скокот во рангирањето туку влијаат и други фактори, како бројот на постигнати голови, дали победата или поразот бил дома или на гости, статусот на мечот (пријателски или квалификациски), вкупното ниво на конфедерацијата… Кога ќе се пресмета сето тоа, производот се множи со бројката од минатата година, па селекцијата со највисок скор ќе ја добие наградата.

 

Најдобриот пласман во историјата е 46-тото место во 2008-та, со селекторот Среќко Катанец.

 

Нема промени меѓу најдобрите пет, односно водечка е Германија пред Бразил и Португалија, додека зад нив се Аргентина и Белгија. Скок од две места забележа Шпанија, која е на шесто место. Швајцарија, Франција и Чиле ја комплетираат листата на топ 10 селекции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи