Крал на стрелците во Европа: „Златната копачка“ за Лионел Меси

Нема рекорд или признание, кое Лео Меси не може да го собори или не е во негова сопственост. Аргентинецот  минатата сезона постигна 37 голови на 34 меча во Примера и ја доби „Златната копачка“ како најдобар стрелец во сезоната 2016/17 и ја придодаде на претходните освоени во сезоните 2009/10, 2011/12 и 2012/13.

 

„Продолжив да растам на теренот и надвор од него. Напредувам од ден на ден и можам да кажам дека уживам во мојата професија, уживам што сум фудбалер“, изјави Меси на доделувањето.

 

За Аргентинецот ова е четврта „златна копачка“ во кариерата, со што се израмни со големиот ривал Кристијано Роналдо. Зад нив остануваат фудбалски асови како Герд Милер, Еузебио, Жардел, Анри и Луис Суарез, кои по два пати во кариерата стигнале до ова признание.

 


Баст Дост од Спортинг со 34 погодоци, Пјер Емерик Обамејанг со 31 и Роберт Левандовски со 30 гола завршија на второто, третото и четвртото место во изборот, а Един Џеко со 29 погодоци во Италија ја комплетираше листата на топ 5 стрелци во Европа.

 

Кристијано Роналдо сезоната ја заврши со 25 гола и се најде на дури 11. место на листата најдобри стрелци во Европа.

 

Пред 26 години ова признание го освои Македонецот Дарко Панчев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien