Лавров: Еден милион жртви уште првиот ден при војна со Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по состанокот со шефот на јапонската дипломатија, Таро Коно изјави дека било каков воен конфликт со Северна Кореја ќе земе милион жртви уште првиот ден.
„Сите водечки експерти признаваат дека военото сценарио ќе предизвика катастрофални последици. И уште првиот ден од можниот вооружен конфликт ќе има стотици илјади, ако не и повеќе од еден милион жртви “, истакна Лавров.
Според него, САД делуваат како да не се задоволни тоа што Северна Кореја во последно време не лансирала никаква ракета. Тој смета дека Вашингтон презема чекори за иритирање на Пјонгјанг.

 

Шефот на руската дипломатија потенцира дека Русија е загрижена поради тоа што Јапонија станува база за воено јакнење на САД во Азија.

 

„Русија е противи милитаризација на Азија под изговор за спротивставување на Северна Кореја и е загрижена поради плановите на САД за распоредување на дел од глобалниот ракетен систем за одбрана во регионот“, нагласи Лавров.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien