Заев: Граѓаните ќе добијат одговори за „Смилковско езеро“, „Диво Насеље“, „Никола Младенов“

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија не може да каже дека е нормална држава ако продолжи да живее во мистерија преку случаите како што се „Сопот“, „Смилковско езеро“, „Дива населба“, „Никола Младенов“,… Мора да има одговор на сите прашања, граѓаните тоа го бараат и Владата тоа ќе им го обезбеди, рече премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница, одговорајќи на прашањето на пратеникот од Беса, Африм Гаши. Ова е прва седница на која владата одговара на пратенички прашања.

 

Заев нагласи дека се бара меѓународна истрага зашто е преисполитизирано општеството. Суштината е, напомена, како да се обезбеди меѓународна истрага за граѓаните да ја знаат вистината.

„Додека не се врати комплетната доверба во институциите, особено судството, дотогаш и ние во Владата ќе пишуваме дека за одредени случаи ќе спровдуваме меѓународна истрага која се надеваме ќе им ги даде на граѓаните одговорите на прашањата. Граѓаните сакаат да знаат што се случило, зошто се случило, кои биле причините. Ако тоа Македонија го направи, ќе ја заврши работата пред граѓаните. Убеден сум дека Македонија се движи кон такво време и дека граѓаните ќе ги добијат одговорите на сите прашања. Зборувам за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Боњаци, Срби,…“, истакна Заев.

 

Меѓународна истрага е потребна затоа што граѓаните бараат одговори дали некој им овозможил на осудените во Диво Насеље да стигнат таму каде што стигнаа, дали Никола Младенов е убиен или не, како и на други прашања, рече премиерот Зоран Заев во парламентот.

 

„Меѓународна истрага бараме за да има меѓународен претставник, кој ќе гарантира дека фактите што се презентираат во јавноста се навистина такви. Ако во процесот како за „Диво Насеље“ сега направиме меѓународна истрага, тоа ќе го дерогира правосудството и може да значи нарушување на независноста на судството и на процесот на жалбената постапка. Граѓаните не коментираат за високите казни туку затоа што бараат одговори, како, на пример, зошто групата влегла Куманово, дали некој нешто им кажал, дали намерно се случи тоа во сензитивен период. Владата бара меѓународна истрага затоа што од тоа на одредени луѓе им зависи дали ќе останат во Македонија или ќе ја напуштат“, подвлече премиерот Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи