Поврат на ДДВ на граѓаните: До 30.000 денари назад во секое семејство

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот, Зоран Заев, најави дека од 2019 година ќе се спроведе предизборното ветување на СДСМ за поврат на ДДВ кај граѓаните. Со тоа, рече тој, секое семејство ќе добие на годишно ниво од 25.000 до 30.000 евра. Како што појасни тој повратот ќе се пресметува како 15 отсто од ДДВ-то исплатен при секоја фискална сметка.

 

„Целосно стоиме зад сите наши ветувања во предизборната кампања. Од огромна важност е нашиот предлог за поврат на ДДВ кон граѓаните. Со овој предлог ќе решиме неколкукратни потреби на граѓаните или одредени слабости на системот. Прашањето е каде не се уплаќаат парите од ДДВ. Со неплаќање ДДВ, Буџетот на Македонија губи околу 300 милиони евра. Со ова веруваме дека ќе се зголемат приходите во буџетот од наплата на ДДВ затоа што граѓаните ќе бидат мотивирани да го плаќаат. На тој начин би се намалила даночната евазија која во државава е до 30 отсто. Сметам дека ова е вбризгување на огромни пари кај граѓаните. Ќе се зголемат приходите во секое семејство, со лимит кај богатите“, рече Заев на денешната седница во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Илија Димовски.

 

Како што рече премиерот, на мерката ќе и претходи пилот проект кој ќе се реализира во два региони во Македонија за да се утврди дали системот ќе функционира.

 

„Ваков систем изискува соодветна административна подготовка. Во второ полугодие на 2018 ќе ги испробаме овој систем на две места во Македонија за да го провериме неговото функционирање и за да ги слушнеме ставовите, да ги утврдиме предности и слабости. Ако системот функционира, граѓаните ќе бидат мотивирани и ќе си бараат фискална сметка насекаде, а преку тоа целиот систем на уплата на ДДВ ќе се зголеми. Ова е механизам кој успева во одредени земји. Ако двата региони ги дадат овие резултати, во 2019 одиме низ цела територија“, додаде премиерот.

 

ДДВ е најголем полнач на буџетот на Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи