ЕКСКЛУЗИВНО ДРОН ВИДЕО : Мотокрос трка „Storm Riders 2017“ во Прилеп

Прилеп по 5-ти пат беше домаќин на меѓународната мотокрос трка „Storm Riders 2017“, која се одржа во мотокрос арената Лагово и на која учествуваа 30-тина натпреварувачи од сите соседни држави. Организатор на трката е клубот за екстремни спортови „Skyriders“ со поддршка на локалната самоуправа.

 

 

Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој истакна дека Општина Прилеп и во иднина ќе ги поддржува ваквите манифестации, а најави и подобрување на инфраструктурата во мотокрос арената.

 

„Наредните години ќе направиме уште подобра инфраструктура на овој терен, ќе донесеме вода , електрична енергија, ќе се направат трибини, паркинг простор, со цел да се создадат подобри услови и за учесниците и за љубителите на овој спорт. Прилеп со својата географска положба има услови за одржување на ваквите спортови, затоа и нашата поддршка нема да отсуствува. На овој начин како Општина придонесуваме за развој на туризмот, индиректно и за развој на локалната економија“ истакна градоначалникот Јованоски, најавувајќи поддршка за сите спортови во градот.

 

Од клубот за екстремни спортови „Skyriders“ истакнаа дека проектот „Пелагонија- регион на екстремни спортови“ треба да продолжи и во идниина со забрзано темпо.

 

„Ваквите авантуристички спортови сè повеќе и повеќе го заземаат приматот во светот, бидејќи тие се како одмор на некој друг, не само оној класичен начин, кој што го знаеме и затоа ги привлекува не само помладите, туку и повозрасните. Мислам дека проектот што го има во овој регион „Пелагонија- регион на екстремни спортови“ треба  да продолжи да расти и да се зголемува заедно со поддршка на бизнис секторот“, рече Ѓорѓи Манчески, претседател на клубот „Skyriders“.

 

По завршување на ревијалниот мото крос натпревар претседателот на клубот „Skyriders“, Ѓорѓи Манчески и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски им доделија плакети на најдобрите: во категоријата „МХ1“ прво место освои Христијан Илиоски, второто му припадна на Гоце Томовски, а третопласиран беше Михаил Бојовски. Првото место во категоријата „МХ2“ му припадна на Христијан Станкович, втор беше Ненад Петрович, а третото место му припадна на Алберто Видески. Во категоријата „МХ3“ првопласиран беше Борче Костов, второто место го освои Фазли Ислами, а трет Јове Иванов. Прв во категоријата „OPEN CLASS“ е Милан Зимонич, втор Александар Србакоски, а третото место му припадна на Павел Иваноски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien