Арапското НАТО прогласи целосна војна против тероризмот

Саудискиот принц Салман вети дека ќе ги „избрише” терористите од „лицето на земјата” користејќи ресурси достапни на Исламската воена алијанса, т.н. Арапско НАТО, кое тврди дека е насочено кон „безличен непријател”.

 

Формирана во 2015 година од тогашниот заменик-принц и министерот за одбрана на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, ИМА досега функционираше само на хартија. Сега принцот сака да премине на следното ниво, со декларирање на целосна „војна против тероризмот”, за време на неделниот самит на ИМА, кој исто така се нарекува Коалиција за Исламска борба против тероризмот (ИМЦТЦ) или Арапско НАТО.

 

„Денескa почнуваме со потрагата по тероризам и го гледаме својот пораз во многу аспекти околу светот, особено во муслиманските земји … Ќе продолжиме да се бориме сé додека не го видиме поразот”, изјави принцот Мохамед бин Салман пред министрите за одбрана од речиси 40 муслимански земји кои се собраа во Саудиска Арабија на самитот на воената коалиција.

 

„Во изминатите години тероризмот функционира во сите наши земји … ова завршува денес со овој сојуз”, изјави тој во своето воведно излагање.

 

Исламската алијанса, која официјално се состои од 41 земја-членка, не вклучува ниту една земја со влади во кои доминираат шиити, како што се Иран, Ирак или Сирија. Поради економската и дипломатска блокада на Катар, која во јуни беше обвинета од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин за спонзорство на тероризмот, делегацијата на Доха, исто така, не присуствуваше на самитот во Ријад.

 

Панисламистичкиот фронт предводен од сунитите објави пред две години дека има намера да се бори против употребата на исламот од страна на терористите потврдувајќи го овој принцип во неделата. Пензиониран пакистански генерал Раиел Шариф беше назначен за главен командант кој ја водеше борбата против радикалните екстремисти кои продолжуваат да го оцрнуваат исламот.

 

„Најголемата закана од тероризмот и екстремизмот не е само убиство на невини луѓе и ширење омраза туку и затајување на угледот на нашата религија и нарушување на нашето верување”, рече принцот. „Ние нема да дозволиме тоа да се случи”.

 

Извор: Макфакс

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien