ВИДЕО : Во Прилеп се одржа трката „WorldWide Companion“

По 5-ти пат во Прилеп вечерва се одржа трката „Worldwide Companion“ која секоја година се одржува на 27 ноември низ целиот свет. Трката започнува да се организира во 2010 година по иницијатива на двајца млади кои морале да се разделат, но се договориле секогаш да трчаат во исто време без разлика каде и да се за да бидат поврзани.

 

Поттикнати од оваа иницијатива подоцна започнува да се организира овој настан низ целиот свет.

 

Вечерва една група љубители на трчањето од Прилеп ја одбележа оваа иницијатива со трчање на 5 км. низ улиците во градот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien