Обамејанг си оди од Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд е подготвена во јануарскиот трансфер период да го продаде својот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг. Според информација на весникот „Билд“, германскиот клуб се одлучил на ваков чекор за да се ослободи од фудбалерот кој во последниве недели со своето однесување почнал сериозно да ја разнишува атмосферата во соблекувалната.

 

Управата на Борусија Дортмунд имаше богати понуди за Обамејанг во претходните неколку години, но секојпат истрајуваше и одлучуваше да го задржи поради недостатокот на квалитетни напаѓачи.

 

Неретко се случуваше Обамејанг јавно да флертува и да се нуди на други клубови, па дури и да бара да си оди од Борусија поради добрите понуди кои пристигнуваа на адреса на „Милиониерите“, поради што често беше незадоволен од одбивањето на истите.

 

Постојано влегуваше во конлфикт со управата, неколкупати беше суспендиран, а последен пат пред дуелот со Штутгарт.

 

Капката која ја прели чашата беше црвениот картон против Шалке, Обамејанг е обвинет за нерешениот исход, иако Борусија имаше 4:0 по првите половина час игра.

 

Фановите на Борусија беа први кои ја опоменаа својата ѕвезда за ваквиот катастрофален потег, а сега прозивка на негова адреса пристигна и од тренерот Бош.

 

„Тешко е да се објани еден ваков натпревар, но ова е фудбал. Вакви работи се случуваат, но она што може да се избегне е ситуацијата со Обамејанг. Тој беше преагресивен. Сакаше да се врати и да ни помогне во одбраната, но наместо тоа, тој уништи се на мечот“, изјави Бош

 

На мислењето на тренерот се надоврза и искусниот голман Вајденфелер.

 

„Тој направи глупава работа. Заработи втор жолт картон во ситуација кога немаше никаква потреба да влегува во такви ризици“, кратко и јасно порача Вајденфелер.

 

„Билд“ пренесува дека Обамејанг го известил својот менаџер под итно да му најде нов клуб во јануарскиот преоден рок, а веќе има два заинтересирани премиерлигаши кои ги подготвиле своите понуди.

 

Станува збор за Антонио Конте и, верувале или не, Јирген Клоп. Челзи и Ливерпул се мошне заинтересирани за одличниот стрелец. Клоп веќе соработуваше со него и добро е запознаен со неговите квалитети, а факт е дека на клубот од „Енфилд“ му е потребен расен стрелец и голгетер кој може да гарантира барем 20 голови во сезоната.

 

Обамејанг има договор со Борусија до 2020. година и нема да биде евтина опција за Ливерпул и Челзи, односно нема да чини помалку од 70 милиони евра во овој момент.

 

Тој во моментов е втор стрелец во Бундеслигата со 11 голови, а има запишано и две асистенции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien