Општина Прилеп : Градоначалникот Јованоски врши инспекција на улиците кои што биле заборавени од претходната власт

Општина Прилеп, новата локална гарнитура и градоначалникот Илија Јованоски работат интензивно на решавање на сите проблеми, коишто досега со години не се решени, а сериозно го тангираат квалитетот на животот на граѓаните. Проблемите со патната инфраструктура има значајно место во агендата. Се вели во денешната реакција на Општина Прилеп на пресот од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Токму затоа градоначалникот Јованоски на терен врши инспекција особено на улиците кои што биле заборавени во агендата на претходната локална гарнитура. Паралелно се реализираат низа други инфраструктурни проекти, зашто целосно средена патна инфраструктура за период од 4 години е цел на градоначалникот Јованоски, и дел од неговата изборна програма.

 

Второ, возачот ја следи само агендата на градоначалникот Јованоски, чии што обврски не се условени од викендите. Напротив деловни средби се реализираат секогаш кога е потребно, зашто тие се во интерес на што поголем квалитет во животот на граѓаните на Прилеп.

 

Непотизмот во кадровската политика е својствен за претходната локална гарнитура. Оваа локална власт ангажира стручни кадри, коишто се неопходни за да ги покријат каверните во кадровската неекипираност на Општината.

 

Според тоа, во агендата на градоначалникот Јованоски и програмата за работа на Општина Прилеп, нема место за политиканство својствено за опозиционата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, која што на овој начин се обидува да ќари само дневно-политички поени кај електоратот, и да го скрие сопствениот неуспех на изборите“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien