Смена во Милан: Монтела доби отказ, на негово место Гатузо

Винченцо Монтела повеќе не е тренер на Милан, откако раководството на росо-нерите му додели отказ. Челниците на клубот претпладнево одржаа состанок и одлучија да го отпуштат тренерот.

 

Милан во досегашниот дел од сезоната се наожа во многу лоша форма, иако овој клуб летото доведе неколку звучни засилувања и потрошија 231 милиони евра, Росонерите едноставно не играат како што се очекува од нив, а кризата на Сан Сиро трае веќе неколку недели, па тренерското место на Монтела „висеше“ постојано повеќе од еден месец, за конечно да попушти трпението на раководните лица.

 

Италијанските медиуми шпекулираат дека новиот тренер на Милан ќе биде Џенаро Гатузо. Оваа одлука не ги воодушеви баш навивачите на Милан кои очекуваа некое поискусно име на тренерското место. Многу се надеваа на враќање на Карло Анчелоти, но овој искусен стручњан не сакаше да преговара со својот поранешен клуб.

 

Милан вчера одигра 0:0 на домашен терен со Торино. По 14. коло поранешниот италијански шампион се наоѓа на 7. место со 18 бодови заостанување зад лидерот во Серија А, тимот на Наполи.

 

Интересно, во пет минути два тима од Калчото ги променија тренерите, затоа што отказ доби и Бучи од Сасуоло.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien