Цената на биткоинот незапирливо расте

Прашањето кое одамна се поставува, а поинтензивно последните мсесеци е каде е горната граница на вредноста на виртуелната валута биткоин. Некои тврдат дека е можно биткоин да достигне вредност од дури 25.000 долари, додека други се упорни во одбраната на тезата дека сетоа тоа е само обичен надуен балон кој ќе пукне многу набрзо.

 

Засега не знаеме кој е во право, но знаеме дека многумина заработуваат на биткоин, кој сруши уште еден рекорд и се наоѓа на само неколку проценти под 10.000 долари, откако зајакна повеќе од 20 отсто само во изминатите три дена.

 

 

Цената на најголемата криптовалута по пазарна вредност се зголемува, бидејќи таа добива поголемо внимание и покрај предупредувањата за „балон“. Сите финансиски експерти – од директорите на „Wall Street“ до ризичните капиталисти, многу внимателно ги објавуваат своите претпоставки и мисли за дигиталната валута, а некои се поскептични од останатите, коментира „Bloomberg“.

 

Сепак, не само ризичните инвеститори обрнуваат внимание на најпопуларната криптовалута. Во последните 12 месеци бројот на сметките во трговската берза „Coinbase“ се зголемува до 13 милиони, а тоа претставува тројно зголемување.

 

Причина за рапидниот скок за само неколку дена лежи во реакцијата на финансиските пазари, односно на класичниот пазар кој до неодамна тврдеше дека биткоин е обична измама, а водечките светски банки и инвестициски фондови на своите клиенти им сугерираа да го избегнуваат биткоин. Најпрвин од берзата во Чикаго стигна вест дека биткоин ќе основа инвестициски фонд, а потоа и Goldman Sachs ја повлече препорака за избегнување на биткоин.

 

Цената на биткоинот се искачи на рекордно ниво од над 9.700 долари пред некои инвеститори да почнат да повлекуваат дел од профитот, покажуваат комбинираните цени на „Bloomberg“.

 

На берзата Битстамп со седиште во Луксембург, вредноста на биткоинот денеска порасна за 4,5 отсто и дигиталната валута се тргуваше за 9.687 долари, известува Ројтерс.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien