ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Јованоски и Сугарески се китат со туѓи перја

Градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по примерот од басната во која гавранот се кител со туѓи перја, деновиве парадираат низ Прилеп и присуствуваат на градежни активности за тампонирање и асвалтирање на улици, кои нити ги ветиле во предизборниот период, нити пак досега знаеле дека ќе се реализираат и каде се наоѓаат. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Имено во изминатите неколку дена помпезно се фотографираа на отпочнувањето со асвалтирање на улици во урбаните заедници Гоце Делчев и Чачорица, а замислете се работи за проекти т.е асвалтирање на улици кои се дел од проекот за изградба на пречистителна станица и изградба на канализација во Прилеп, кои ги договори претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Средствата се обезбедија од ИПА фондовите и од претхосната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ.

 

Изгледа вака ќе се зафатат со решавање на инфраструктурни проблеми во Прилеп, со позирање пред објективите на проекти кои се веќе обезбедени од претходната локална власт на ВМРО ДПМНЕ.

 

По теркот на министрите од СДС, шарените револуционери во Владата на Заев, директорите кои патуваат во бизнис класа така и градоначалникот на Прилеп наместо остварување на ветеното успева да практикува само популизам.

 

Очигледно Јованоски брзо ги заборави ветувањата кои ги даде во предизборието и не ја намали цената на водата, не започна со реконструкција на сала Македонија, ги заборави младите и не им донесе вода и струја на сограѓаните Роми во населбата Три Багреми.

 

Тука сакаме да прашаме дали наместо ветените проекти, Јованоски ја вработи својата внука во општина Прилеп и му дозволи на личниот шофер службениот автомобил Шкода Суперб да си го користи за приватни прошетки во сабота навечер?

 

На граѓаните им беше потребно само месец дена да видат дека се сурово прелагани од сегашната власт која освен празни зборови и уцени од локални шерифи сигурно нема да им донесе подобар живот.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи