Дисциплина и многу работа во Милан под водство на Гатузо!

Денес на пресконференција и официјално беше претставен новиот тренер на „росонерите“, Џенаро Гатузо.

 

Гатузо доаѓа на местото на Монтела кој вчера доби отказ од раководството поради слабите резултати.

 

„Ова е специјален ден за мене и голема одговорност. Веќе 23 години сум дел од овој клуб и знам што значи Милан. Имам своја методологија на работа и за мене најважна е дисциплината. Ќе играме со тројца во одбрана и четворица во средниот ред“, изјави Гатузо.

 

„Во моментов сум исто возбуден како кога играв. За мене кога ќе се отвори вратата од Миланело започнува рајот. Имам добар тим на располагање и секој натпревар треба да го играме како финале. Уште од следниот против Беневенто“, додаде Гатузо и потврди дека капитен останува Леонардо Бонучи.

 

Џенаро Гатусо денеска го одржа и првиот тренинг како предводник на Милан и веднаш донесе контроверзна одлука.

 

Поранешниот капитен на “росонерите” одлучи да им го одземе слободниот ден на фудбалерите со цел тие да ја задржат концентрацијата. Според Калчомеркато, 39-годишниот стручњак планира да воведе железна дисциплина во тимот, нешто што беше карактеристично за него додека активно играше фудбал.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien