Експлозија во Тел Авив, најмалку 4 мртви

Најмалку четири лица загинаа, а петмина се повредени при уривањето на зграда во јужниот дел на Тел Авив, што се случи синоќа по силна експлозија, соопшти денеска израелската полиција.

 

Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека истрагата е во тек за да се откријат причините за експлозијата. Рече дека службата за итна помош ги пронашла телата на четири лица под рушевините и дека уште петорица се повредени и префрлени во болница.

Во извештаите на локалните медиуми се наведува дека експлозијата се случила во складиште за градежни материјали во квартот Аџами, на југот од Тел Авив и дека, најверојатно, била предизвикана со електричен краток спој и протекување гас.

 

Локалните жители помислиле дека експлозијата е напад на екстремисти.

 

„Целото подрачје се тресеше“, рече еден човек кој живее во близина.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien